Единствена Македонија: Паднаа маските на Зоран Заев и Христијан Мицкоски

Од:

„Единствена Македонија располага со сознанија дека ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе донесе одлука да се врати во Собранието со што се реализира непристојниот пазар-укинување на притворот за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ а за возврат ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието заедно со СДСМ да ги донесат законите за разнебитување на Македонија.

Исто така, СДСМ два дена преку соопштенија зборува дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил во толпа на денот кога биле нападнати пратеници и новинари со што имплицира улога на Мицкоски во настаните од 27 април, а од друга страна го штити Мицковски во услови кога за истата правна и фактичка ситуација власта на СДСМ врши политички прогон на уставобранителите кои и понатму се наоѓаат во занданите на Истражниот затвор Шутка.

Паднаа маските. Зоран Заев и Христијан Мицкоски се всушност копретседатели на иста партија „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои во заднина ги владеат и насочуваат правосудните процеси во државата.

Новата легална власт ќе утврди правна законска одговорност за сите кои ги девалвираат вредностите на македонското правосудтство земајќи предвид дека правосудството е независно и мешање во неговата работа не е задача на лицата од партијата „Погреб за Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска