Општина Дебар лани со суфицит од околу пет милиони денари

Од:

Советот на општина Дебар, на денешната шеста редовна седница членовите ја усвоија завршната сметка на Буџетот на општината за 2017 година.

Според Ќазим Ќормемети, раководител на секторот за финансии и буџет, минатата година Општината ја завршила со суфицист од околу пет милиони денари.

– Буџетот за минатата година беше проектиран на 312.250.000 денари, а реализран е со 261.936.731 денари или 88 отсто од планираното. Остварени се вкупни расходи во износ од 256.980.695 денари,што значи забележан е суфицит од над 4.950.000 денари, образоложи Ќормемети пред советиците.

Што се однесува до планираниот прилив на средства, посочи тој, најголемо неоставрување е забележано кај ставката даночни приходи каде наместо планираните околу 60 милиони остварени се 45 милиони денари, како и капитални приходи каде се остварени 17,9 милиони или помалку за 8,2 милиони денари.

Буџетот за 2018 година е проектиран на 317 милиони и 250 илјади денари и споредено со ланскиот е „потежок“ за пет милиони денари.

На седницата советниците ја разгледаа и завршната сметка на ЈКП „Стандрад“, годишниот извештај за реализација на програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација и заштита на општинските патишта и улици на подрачјето на општината за минатата година,како и други прашања од нивна надлежност.

Би можело да ве интересира

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он

Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Џепчиште: Наставник истепал ученик во училиштето „Пенестија”

Горан Наумовски

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство

Се заканувал со пиштол кон жители на Дебар, меѓу нив и малолетници