СОС Детско село отстапи урбана опрема од ТЦ Табановце на општина Куманово

Од:

СОС Детско село донираше дел од контејнерите од транзитниот центар Табановце, на општина Куманово. Опремата ќе остане во транзитниот центар до крајната имплементација на проектот на СОС Детско село, односно до 30 јуни годинава. По овој датум, локалната самоуправа може да ги дислоцира игралиштето и контејнерите и да ги постави на локации кои што ќе бидат одредени од општината.
– Опремата ќе биде дисперзирана во одредени делови на општината, а еден дел од оваа опрема ќе биде ставена на располагање на мештаните на село Табановце со тоа што ќе ја дислоцираме и на одредени други позиции, со тоа што претпоставувам на локацијата кај што е училиштето во селото и воедно ќе биде еден убав пример како треба да ги уредуваме новите зелени површини, изјави градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

Претставници на СОС Детско село го информираа градоначалникот за активностите и дадената помош на мигрантите од нивна страна од почетокот на бегалската криза во 2015-та година.

Димитриевски се заблагодари на донацијата и оцени дека опремата е во одлична состојба и може да се искористи за потребите на младата популација, бидејќи на градот му недостигаат детски игралишта.

Срџан Амед, менаџер на проектот за поддршка на СОС Детско село во Македонија посочи дека од почетокот на кризата во 2015 година до декември 2017 година пружиле помош на повеќе од 230.000 деца, деца без придружба, мајки, бремени жени и млади девојки. Помошта била во вид на психосоцијална поддршка на краток период, но и на подолг период на оние кои што подолго биле сместени во Транзитниот центар, хуманитарната помош и здравствената заштита која што ја обезбедувале преку Црвениот крст на град Скопје и слободен пристап до интернет за сите бегалци. Сервисните услуги беа спроведувани во партнерство со Центарот за управување со кризи Скопје, како и со Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово, Министерството за труд и социјална политика и стратешкиот партнер канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Горан Стојановски, раководител на транзитниот центар Табановце, информираше дека во моментов во Центарот во Табановце има 21 мигрант-бегалец, додека на дневна основа, бројката е променлива.

– Пред недела дена имавме дури 62-ца бегалца, сепак тоа зависи од движењето од јужната кон северната граница и обратно така што ништо нема да биде чудно денеска да завршиме во вечерните часови со бројка од 30-40 бегалци. Она што беше во претходниот период како грижа за бегалците со јасно запазување на максимално хуманиот третман кон бегалците останува и денеска да важи и влијае. Моментално има едно семејство со дечиња, остатокот се индивидуални младинци, односно има дури и непридружувани лица за кои е одговорно МТСП применувајќи ги стандардите на стандарно оперативните процедури за постапување со деца без придружба, изјави Стојановски

Најголем дел од мигрантите кои што престојуваат во Транзитниот центар доаѓаат од земји во кои што не се војува, Алжир, Мароко, Либија, посочуваат надлежните.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони