Хамилтон: Работите ќе станат појасни кога ќе завршат првите четири трки

Од:

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон смета дека се уште е рано да се прават генерални заклучоци за односот на силите во Формула 1.

Британецот неочекувано ја изгуби трката во Австралија, но повеќе експерти сметаат дека Мерцедес има предност пред останатите. Сепак, светскиот шампион останува претпазлив.

– Од искуството што го имам, работите ќе станат појасни кога ќе завршат првите четири трки. Сега помина само една, па немам идеја. Претстои битка во Бахреин, каде што секој ќе има потешкотии. Ферари ќе биде силен на правците, и тие се традиционално на високо ниво. Иако трката ќе се одржи навечер, сепак ќе биде многу тешка поради гумите. Затоа навистина немам идеја. Сигурен сум дека, сепак, разликите се мали, изјави Хамилтон.

Актуелниот шампион верува дека неговиот клубски колега, Валтери Ботас ќе го надмине лошиот почеток на кампањата, откако доживеа несреќа во квалификациите за ГП на Австралија и остана само осми во трката.

– Овој пат битката беше еден против двајца, затоа не беше лесно. Убеден сум дека, сепак, Валтери вложува сериозни напори за да се врати во челото и да се вмеша во борбата. Тој ќе се бори за победи и за нас е важно и двата наши автомобила да се во челото, бидејќи конкуренцијата е навистина сериозна, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур