Нимиц, Димитров и Коѕијас во Виена бараат решение за името

Од:

Вo прoстoриите нa австриското Министерствo зa нaдвoрешни рaбoти во Виена, во тек е средбата на медијаторот Метју Нимиц со шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

На почетокот на средбата присуствувала и шефицaтa нa aвстрискaтa диплoмaтијa Карин Кнејсл. Се очекува разговорите кои неформално почнаа синоќа со работна вечера Димитров – Коѕијас, да продолжат и попладне со работен ручек на кој ќе присуствува и Нимиц.

Пред новата рунда разговори, куса изјава даде само Коѕијас, изразувајќи надеж дека денеска ќе биде направен прогрес.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во пресрет на средбата во Виена објави дека Нимиц ќе им претстави на Димитров и Коѕијас павна форма, со празни места во спорните прашања.

– Нимиц ќе биде тој што прв ќе се обрати и ќе ја претстави правната форма, врз база на која ќе се достави можниот иден договор на двете страни во ОН, со празни места за спорните прашања, како што е името. Потоа ќе следи претставување на ставовите на двајцата министри за надворешни работи и преговори за позициите, пишува грчката новинска агенција и додава дека преговорите во Виена се очекува да траат долго, ако се суди според минатиот состанок што траеше седум часа.

Фото: Твитер на МНР на Грција

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска