Експертите предвидуваат пропаѓање на „Тесла Моторс“

Од:

Се поголем број економски експерти и аналитичари сметаат дека компанијата за производство на електрични возила „Тесла Моторс“ нема да го дочека крајот на годината.

Последен во низата „предвидувачи“ на непријатната иднина на компанијата е менаџерот на хеџ фондот „Вилас Кепитал“, Џон Томпсон, кој оцени дека „Тесла“ ќе банкротира во рок од четири месеци, доколку нејзиниот извршен директор Елон Муск не направи чудо и „не извлече зајак од шапката“.

– Компаниите еднаш мора да остварат профит, а јас не гледам дека тоа се случува таму. Ова е еден од најлошите извештаи за приходите што сум го видел некогаш. Меѓу бајките и финансиите, во овој случај ќе победат финансиите, нагласи Томпсон, коменирајќи го финансискиот извештај за работењето на „Тесла“.

Како главен проблем на компанијата експертите го посочуваат фактот дека „Тесла“ никако неможе да почне да работи со профит. Најдобар показател во тоа дека „Тесла“ работи како „загубар“ е доколку се направи споредба со финансиските показатели на „Форд“.

– „Тесла“ вреди двојно повеќе од „Форд“, но „Форд“ минатата година произведе шест милиони автомобили, остварувајќи профит од 7,6 милијарди долари, додека „Тесла“ произведе 100.000 автомобили и создаде загуба од две милијарди. Покрај ова, „Форд“ има и заштеда од 12 милијарди долари за „црни денови“, додека „Тесла“ најверојатно ќе остане без пари во следните три месеци, наведува Томпсон.

Акциите на „Тесла“ лани во април достигнаа рекордно ниво од 389,61 долари, но нивната вредност неделава изнесуваат под 280 долари.

– „Тесла“, без сомнеж, е на работ од стечај, смета Томпсон, посочувајќи дека компанијата тешко доаѓа до финансиски средства ако се земат предвид проблемите со испораката на автомобили, намалената побарувачка и падот кредитен рејтинг од Б минус на ЦЦЦ.

Според експертите, клучно во целиот случај е тоа што „Тесла“ нема никакво искуство, што би можело да биде пресудно во автомобилската индустрија.

Во овој сектор клучно е обезбедување на константен квалитет, за што најдобар пример е „Моделот 3“ на „Тесла“. Нарачката на 400 илјади возила на овој модел на стартот, за што многу автомобилски компании можат да сонуваат, „Тесла“ не успеа да ја искористи и да ја капитализира. „Моделот 3“ денес има потешкотии во производството, првенствено во доцнењето во испораката на нарачаните возила, а како дополнителен проблем се појави и недоволниот квалитет на производство.

Друг момент кој негативно влијане на работењето на Тесла е се поголемата конкуренција во секторот на електромобили. Некои експерти проценуваат дека по етаблирањето на пазарот на возилата на електричен погон на компании како Бе-Ем-Ве, „Мерцедес“, „Фолксваген“, „Џенерал Моторс“ и „Јагуар“, „Тесла“ би можела да замине во историјата.

Проблем за Маск е тоа што „грб му сврте“ и коосновачот на „Епл“, Стив Вознијак, кој изјави дека ја загубил довербата во компанијата, поради постојаните доцнења.

Поаѓајќи од ваквите економски показатели, се повеќе се потврдуваат предвидувањата на Боб Лук, кои меѓу првите прогнозираше банкрот на „Тесла“. Тој дури ги советуваше колекционерите на возила да побрзаат со купувањето на моделите на „Тесла“ пред пропаѓањето на компанијата.

„Тесла Моторс“ секој час троши речиси половина милион долари, а секоја минута по 8.000 долари. Доколку продолжи со таквото темпо, компанијата ќе ги потроши сите пари уште пред 2019 година, предвидуваат експертите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила