Нимиц на Димитров и Коѕијас ќе им претстави правна форма со празни места

Од:

Правна форма, со празни места во спорните прашања, ќе им претстави медијаторот Метју Нимиц на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на денешната средба во Виена, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Според досегашните информации, Нимиц ќе биде тој што прв ќе се обрати и ќе ја претстави правната форма, врз база на која ќе се достави можниот иден договор на двете страни во ОН, со празни места ЗА спорните прашања, како што е името. Потоа ќе следи претставување на ставовите на двајцата министри за надворешни работи и преговори за позициите, пишува грчката новинска агенција и додава дека преговорите во Виена се очекува да траат долго, ако се суди според минатиот состанок што траеше седум часа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, средбата закажана за 09:30 часот, според информациите на АНА-МПА, ќе се одржи во Министерството за надворешни работи на Австрија, а не во седиштето на ОН, бидејќи канцелариите се затворени поради католичкиот Велигден.

Во однос на вчерашната работна вечера на двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, грчката новинска агенција објави дека траела три часа и поминала во добра клима.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска