Сите малверзации во Општина Гостивар, се пријавуваат пред надлежните органи

Од:

Портпаролот на општина Гостивар, Јасин Демири, на денешната прес-конференција информираше дека од денеска се прекинува кампањата „Вистината за ДУИ“, но не затоа што нема нови докази за злоупотреби, туку за да се остави простор надлежните органи да дејствуваат во согласност со утврдените прекршоци.

– Сите повреди и злоупотреби кои сме ги утврдиле при внатрешните контроли, односно за сите случаи каде што постои основано сомнение за сторен прекршок или кривично дело, сме ги пријавиле пред надлежните органи: Министерството за внатрешни работи – Финансиска полиција, Јавно обвинителство, истакна Демири

Тој рече дека покрај тоа што Општина Гостивар има побарано контрола од страна на државната ревизија, побарао е исто така и Трудовата инспекција и Државниот инспекторат за образование да спроведат вонредни контроли со цел вистината да излезе на виделина и за било каква злоупотреба да се поабара одговорност.

– Општина Гостивар ќе продолжи со внатрешни контроли за работата на општинските раководства во минатите мандати, без да се заобиколи и работата на општинската администрација во овој мандат. Значи, никој не може да бега од одговорност, бидејќи никој не смее да биде над законот. Не постои човекот за државата, туку државата постои за човекот – истакна општинскиот портпарол.

Демири изрази уверување дека судскиот систем во Република Македонија час поскоро ќе се реформира и сите прекрштели на законот и криминалците, ќе ја добијат заслужената казна.

Би можело да ве интересира

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски