ВИДЕО: Донацијата во опрема од ОБСЕ за МВР во вредност од 44.000 евра

Од:

Доколку се направи пресек на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, тогаш без никаква дилема можеме да констатираме дека таа е доказ за успешно, повеќегодишно и интензивно партнерство, во кое што заедно минавме многу фази во реформскиот развој на македонската полиција, рече министерот Спасовски на денешното предавање на донацијата во опрема од ОБСЕ за Министерството за внатрешни работи во Центарот за обука на МВР.

Вкупната вредност на донацијата е околу 44.000 евра.

„Денешнава донација за потребите на организационите единици при МВР, не е прва, а верувам – ни последна, во нашето партнерско портфолио. Всушност ние заедно направивме и правиме многу значајни чекори во стандардизирањето, професионалната надградба и развој на полициската служба. Дозволете ми во оваа прилика од навистина многуте партнерски проекти да го апострофирам концептот што ние како актуелно раководство го сметаме и секојдневно промовираме како базичен во полициското работење, а тоа е концептот на полиција во служба на граѓаните, како нивен сервис, што целосно, безрезервно, ќе биде насочен во остварување и заштита на сите граѓански права во доменот на полициските обврски и надлежности.

– Наша визија е да воспоставиме систем што целосно ќе биде втемелен врз легалистичките принципи на работа и постапување, градење на вредности што ќе ја реафирмираат улогата и местото на полицијата во системот, во општеството, во локалните средини, меѓу граѓаните. За таа цел, убеден сум дека еден од клучните партнери, меѓу другите е токму и мисијата на ОБСЕ, со сето свое искуство и професионален бекграунд, особено во поглед на полициското работење, на полициските процедури и стандарди на постапување“, рече министерот Спасовски.

Амбасадорката Нина Сумалаинен рече дека долги години Мисијата на ОБСЕ го поддржува МВР во зајакнување на институционалните капацитети.

„Ние како мисија презедовме и неколку иницијативи за приближување на полицијата кон граѓаните. Во тој поглед би ги споменала канцелариите за прием. Тоа е првото нешто што граѓаните го гледаат при влез во полициската станица. Мисијата на ОБСЕ го поддржа опремувањето на четири канцеларии во полициските станици во Охрид, Тетово, Бит Пазар и Куманово“, рече амбасадорката Сумалаинен, која изрази благодарност до раководството на МВР за одличната соработка.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство