Единствена Македонија: Копретседателите Мицкоски и Заев од „Погреб за Македонија“ ги здружија силите против Македонија

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ вчера ја поздрави и се приклучи на акцијата на СДСМ за протерување на рускиот дипломат од Скопје, со што дојде потврдата дека партијата „Погреб за Македонија“ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ работи заеднички за уништување на Македонија и Македонците.

Зоран Заев и Христијан Мицкоски како копретседатели на партијата „Погреб за Македонија„ под менторство на Џес Бејли и Чарлс Гарет ги здружија силите на антимакедонска основа против Русија, која, никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, рускиот претседател Путин на отворена сцена рече дека писменоста доаѓа од македонската земја.

Oд друга страна, Заев и Мицкоски се солидаризираа со Велика Британија која во 1948 година фрлаше напалм бомби врз Македонците во Беломорска Македонија, која сега се залага за промена на македонското име и идентитет, редефинирање на Македонија или кантонизација според мапата што британскиот амбасадор Чарлс Гарет му ја покажал на претседателот Иванов на средбата во претседателската резиденција на Водно.

Со еден збор, Заев и Мицкоски од партијата „Погреб за Македонија“ се соживуваат со непријателите на македонското дело кои бараат обезличување на македонскиот народ.

Единствена Македонија цврсто го уверува рускиот народ дека зад срамната одлука на партијата „Погреб за Македонија„ за протерување на рускиот дипломат, не стои македонскиот народ, туку одлуката е резултат на Македонци со изгубено национално чувство и корумпирани и купени од странски ментори.

Впрочем, нашите руски пријатели добро знаат дека Македонија во моментот е окупирана земја и дека ова е одлука на окупаторот во содејство со домашни јаничари од партијата „Погреб за Македонија“.

Единствена Македонија ќе победи на наредните регуларни избори и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска