Потребно е:
800 гр лосос
500 гр спанаќ
200 мл павлака за готвење
2 лажици путер
2 лажици брашно
масло
сол, бибер
Подготовка:
– Убаво измијте го спанаќот, исечете го и кратко сварете го во врела вода. Исцедете го.
– Посолете ги парчињата лосос, премачкајте ги со маслиново масло и испржете ги 10-тина минути на грил тава, од двете страни.
– Во тава на путер испржете го кратко брашното и додадете ја павлаката за готвење. Варете кратко додека да се згусне, додадете го спанаќот и убаво измешајте.
– Парчињата лосос ставете ги во чинија, одозгора прелијте со динстаниот спанаќ и сервирајте.