Во Куманово завршна манифестација „Интеграција во основно образование“

Од:

Завршна манифестација во рамки на проектот „Интеграција во основното образование“ се одржа денеска во спортската сала на училиштата „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“ на која учениците од двете училишта добија благодарници за нивните активности реализирани преку проектот кој има за цел надминување а различостите.

Проектот го спроведува здружението „Доверба“ со поддршка од Мировна акција Прилеп/Тетово и Центар за Мировни студии преку поддршка од Европската унија и ЦИВИКА Мобилитас. Учениците преку проектот ја подобриле меѓуетничката комуникација и јазичните пречки, стереотипите и предрасудите.

– Задоволна затоа што е заеднички, позитивно заврши проектот кој создава чувство на меѓусебна доверба и отвора простор и понатаму сите училишта и невладини организации заедно со општината да реализираат вакви активности во кои преку мултиетнички вредности и потикнување на истите, да се дојде до заедница, напредок и зближување меѓу заедниците, изјави Дивна Јанкова од „Доверба“.

Асистентот на проектот, Бјондина Џафери очекува проектот да послужи како пример за понатамошно заедничко делување на наставните тимови, учениците, со цел градење на доверба.

Во рамки на проектот беа организирани работилници за осознавање на потреба од почитување на различностите, работилници за цртање, фотографија како и литературен конкурс на тема „Разликите не зближуваат“.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување