Соработка меѓу ученици и наставници од медицинските струки од кумановско „Наце Буѓони“ и училиште од Турција

Од:

Ученици и наставници од медицинската струка од турската општина Тузла и кумановското училиште „Наце Буѓони“, ќе разменуваат искуства за образовните процеси и практики преку заеднички работилници и средби.

Кумановското училиште, денеска беше домаќин на учениците на ова турско училиште од општината Тузла, дел од Истанбул.

– Разликата помеѓу училиштата е во опременоста, нивните училишта се поопремени од нашето училиште и имаат повеќе практична настава. Ќе се потрудиме и ние да го достигнеме нивното ниво, изјави директорот на средно техничко училиште „Наце Буѓони“, Драган Јаневски.

Сељадин Дурсун, директор на медицинско училиште во општината Тузла изрази надеж дека ќе има добра соработка меѓу учениците и наставниците.

Соработката меѓу двете училишта од Куманово и Тузла почнала минатата година. Целта е размена на искуства меѓу учениците и наставниците, посочуваат надлежните.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска организираше прием за учениците и наставниците и изрази надеж соработката ќе придонесе за дополнителна едукација на учениците.

– Она што е особено битно за мене е да постигнеме ниво на професионална соработка не само помеѓу професорите и институциите, туку првенствено на ниво на соработка на размена на заеднички искуства и конкретно нашите и нивните ученици да ја почувствуваат таа соработка со размена на ученици, изјави Димитриевски.

Средно медицинско училиште од турската општина Тузла ќе донира опрема на стручното училиште „Наце Буѓони“ со која би се помогнала доизградбата на кабинети каде што ќе се изведува практичната настава во делот на медицинските струки кои што функционираат во техничкото училиште.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони