Кривични пријави за аптека и фармацевско друштво од Куманово

Од:

Сопственикот на Друштвото за трговија на големо и мало „Гео-Фарм“ и сопственикот на аптеката „Шенди Фарм“ од Куманово добија кривични пријави за пуштање во промет штетни средства за лекување и за даночно затајување.

Кривичната пријава против 50-годишниот М.Б, сопственик на „Гео-фарм“, е поднесена за злоупотреба на службената положба и овластување, производство и пуштање во промет штетни средства за лекување, даночно затајување и фалсификување исправа, додека 44-годишниот А.И. од аптеката „Шенди фарм“ се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување, производство и пуштање во промет штетни средства за лекување и даночно затајување.

Според полицијата, во периодот од 28 март до 27 април минатата година, сопственикот и управител на „Гео-фарм“ во пет наврати од фармацевска, козметичка и диететска индустрија од Македонија набавил 57.000 кутии опијатен аналгетик „трамадол“ во вкупен износ од 2.920.942 денари. На аптеката „Шенди фарм“ минатата година и продал 34.000 кутии во вредност од 1.955.000 денари, а остатокот од 23.000 кутии во вредност од 1.414.099 денари го пуштил во промет на непознати лица, за што во книговодствена евиденција прикажал лажни податоци со што избегнал плаќање на данок од 67.332 денари.

По извршената контрола на 9 февруари годинава од страна на Агенцијата за лекови и медицински помагала, М.Б. изготвил пет фиктивни фактури во кои навел дека во периодот од 31 јануари до 5 февруари годинава на аптеката „Шенди фарм“ и продал 34.000 кутии „трамадол“.

Од друга страна, А.И. како сопственик на аптеката „Шенди фарм“ во периодот од 28 март до 15 мај лани, според направените проверки по фактури од добавувачот, во 17 наврати од „Гео-фарм“ набавил 34.000 кутии „трамадол“ во вкупен износ од 2.052.920 денари. За набавката извршил плаќање на „Гео-фарм“ што е евидентирано преку изводи на трансакциска сметка, а набавената количина на „трамадол“ воопшто не ја прикажал во материјалното книговодство во текот на 2017 година. При контролата од Агенцијата за лекови и медицински помагала, покрај наведените неправилности било констатирано дека аптеката го издавала аналгетикот без рецепт од специјалист со што било избегнато плаќање на данок од 97.750 денари.

Пријавените заедно го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 165.082 денари.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра