ВМРО-ДПМНЕ: Тортурата и изживувањето на власта врз притворените ги надмина сите граници

Од:

„Тортурата и изживувањето на Зоран Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници. Крајно нечовечки, на голем дел од неосновано притворените за 27-ми април, завчера им беше преиначена мерката од ефективен во куќен притвор, а веќе вчера, партискиот суд и обвинителство на Зоран Заев, одлучија повторно да ги приведуваат пред очите на нивните семејства.

Кој го нарача и кому му беше потребно ваквото малтретирање? Зошто некој сакаше семејствата повторно да ги проживуваат истите трауми? Што се смени во однос на околностите поради кои беше преиначен притворот?

Одговорот е ништо! Ништо освен што видовме и официјално сведочење и потврда пред судот дека Зоран Заев барал поткуп од едно евро за него, евро за партијата и евро за црквата од квадратен метар. После ова сведочење Зоран Заев нема кредибилитет да биде премиер. Ваков корумпиран политичар во секоја правна држава би имал забрана за вршење на јавна функција.

Токму ова сведочење мора да биде покриено со нови политички апсења и притвори без никаква основа. Сите политички неистомисленици мора да бидат заплашени и трауматизирани за да не кренат глас. Судството и јавното обвинителство мора да ја докажат својата лојалност кон Заев и власта.

Судот мора да пронајде сила и да се ослободи од стегите на власта и да суди во корист на правото. Сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот.

Обвинителството мора да ги гони вистинските криминалци во Македонија од кои дел се наоѓаат на Илинденска бр. 2, наместо да ги гони патриотите и уставобранителите.

Обвинителството мора да запре со штанцањето на неосновани политички монтирани обвиненија против политичките неистомисленици на Зоран Заев кои први предупредија дека тој има нарушени морални вредности.

Во Македонија мора да се врати владеењето на правото. СДСМ сноси директна одговорност за крахот на правниот систем. Македонија мора повторно да стане правна и демократската држава за да се вратиме на патот на Евроатланските ингеграции и остварување на нашите стратешки цели“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?