Продолжи санирањето на улиците во Куманово

Од:

Општина Куманово продолжи со санирањето на ударните дупки по улиците кое беше кратко стопирано поради лошите временски услови.

Санирањето е дел од програмата за изградба и реконструкција на улиците.

– Вкупно за програмата се одвојуваат 26 милиони денари од кои два милиона се за санација на оштетувањата, информира помошникот-раководител на секторот Момчило Јовановски.

Улиците се оштетени од дотраеноста на асфалтот, временските услови,… Екипите се на терен и ги утврдуваат оштетувањата, но надлежните велат дека и граѓаните можат да пријавуваат оштетувања во просториите на Општината или да се јават на официјалниот број на општина Куманово. Санацијата на оштетувањата на улиците ќе започне од централните градски улици.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане