СДСМ: Монтираните судски процеси беа карактеристика за криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, тоа време заврши

Од:

„Не постои поголем криминал од оној што ВМРО-ДПМНЕ 11 години им го правеше на граѓаните и државата, кога партијата и лица од нејзиното раководство се богатеа на сметка на осирмашените граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за владеење на правото, затоа што токму таа партија 11 години нарачуваше монтирани судски случаи кои служеа единствено за пресметка со неистомислениците.

Со таквиот начин на владеење, ВМРО-ДПМНЕ целосно го урниса владеењето на правото, а Македонија долго време беше категоризирана како заробена држава.

Времето на нарачани судски процеси, на криминално и коруптивно однесување на власта, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Никој не може да застане на патот на вистината и правдата. Низ овторени и транспарентни судски процедури ќе се докаже вистината за монтираните судски процеси на ВМРО-ДПМНЕ и секој кој е вмешан во тоа ќе понесе одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар