Јавното обвинителство има обвинение за 28 учесници во настаните од 27 април за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Како што дознава А1он, само за еден од учесниците ќе има ослободување од обвинението, а двајца се обвинети за помагање на терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Обвинителството за денеска најави прес конференција на која ќе ги соопшти обвиненијата за сите учесници во настаните.