Своевремено Ели Мекферсон го доби прекарот „тело“. И денеска, со своите 54 години таа изгледа фантастично и во се уште може да го оправда овој епитет.
Никој не би и дал повеќе од 35 години, а нејзината стегната фигура предизвикува внимание и полемика, зошто ретко кој може да сфати како и поаѓа од рака да изгледа толку убаво.
Ели открива дека нема никаква тајна, туку станува збор за едноставни методи, но прилично строги.
Нејзиното основно правило е дека секојдневно мора да внесе три литра вода, за нејзиниот организам да функционира добро и да би бил доволно алкален.
Русокосата убавица е посветена на здрава и разновидна исхрана. На нејзиното мени се овошјето, зеленчукот, риба, јаткасти плодови, овесни каши, пудинг од чиа семе, јајца, козјо сирење и задолжителните протеински шејкови.
Кога сака да јаде нешто слатко, си дозволува парче црно чоколадо, колачи од бадем и силно еспресо.