Фејсбук квизовите – најчест начин за пристап до податоците

Од:

Истражување на Универзитетот Стенфорд и Психометричкиот институт при Универзитетот Кембриџ од 2015 година покажува како Фејсбук им овозможувал на компании подготвени да платат за неговите услуги масовно да ги анализираат податоците на корисниците.

Истражувањето било извршено преку апликација која ги прашувала корисниците на Фејсбук кои се нивните омилени бендови или пејачи. Во истражувањето биле опфатени 70.000 учесници кои доброволно кликнале на квизот на Фејсбук, но притоа и овозможиле на апликацијата пристап до нивните профили, како и до профилите на нивните пријатели. На тој начин, истражувачите имале преглед на тоа што учесниците во квизот објавуваат, споделуваат и „лајкуваат“.

Врз основа на собраните податоци, истражувачите извлекле заклучок дека, на пример, ако сте љубител на бендот „Смитс“, многу е веројатно да сте невротични, а доколку пак сте фан на Бјорк или Том Вајтс, вие сте луѓе отворени за нова искуства.

Ова истражување не било искористено за политички цели, но покажува како разни организации лесно можеле да дојдат до податоците на големи групи корисници на Фејсбук, кои веројатно не ни знаеле што се од нивните податоци Фејсбук споделува со други организации. Фејсбук има долг историјат на давање податоци од своите корисници на политички организации. Во последниот скандал, компанијата Кембриџ аналитика, која работела за кампањите на Тед Круз и Доналд Трамп, добила пристап до податоците од повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук и креирала сопствен модел за политички кампањи.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он