Фетел: Сакам титула и со Ферари

Од:

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој со Ред бул беше четири пати по ред шампион на Формула 1 во сезоните 2010-2013 година, посакува нова титула и со сегашниот клуб.

Во меѓувреме по бројот на титули него го стигна возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон.

Фетел и Хамилтон оваа сезона ќе се борат и за титулата „возач на генерацијата“ со што ќе се изедначат со легендарниот возач Хуан Мануел Фанџо.

Фетел пред Големата награда на Австралија наведе дека освојувањето на титула со Ферари за него би претставувало огромно задоволство.

– Ако погледнам против кого сум се натпреварувал во текот на кариерата, тоа се главно истите луѓе. Тогаш повеќе не се грижиш против кого се натпреваруваш и тоа ти причинува поголемо задоволство. Сега го барам последното задоволство, титула со Ферари, најголемиот тим во историјата. Тоа ми е главна цел, да освојам титула со Ферари и да освојам титула против најдобрите, а Луис е недвосмислено еден од нив, истакна Фетел.

Новата сезона во Формула 1 почнува овој викенд во Мелбурн со Големата награда на Австралија.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур