Хамилтон: Ние сме совршена мета

Од:

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, очекува во новата сезона силна конкуренција од страна на Ред бул и Ферари.

Иако неговиот клуб Мерцедес доминира во Формула 1 последниве четири години, минатата сезона борбата со конкурентите беше исклучително тесна, а Хамилтон очекува уште пожестоко ривалство оваа година.

– Секоја година мораме да бидеме на повисоко ниво. На пример Ред бул последната година ја завршија веднаш зад нас. Ние како светски шампиони сме совршена мета и верувам дека Ред бул и Ферари ќе ни бидат многу близу, истакна Хамлитон.

Возачот на Мерцедес смета дека конкуренцијата направила сериозни подготовки за оваа сезона.

– Ми се чини дека Ред Бул заврши одлична работа со болидите. Тука е и Ферари со кого имавме жестока борба лани. Ние сме исти, па овој викенд борбата ќе биде тесна, потенцира актуелниот шампион.

Новата сезона во Формула 1 почнува овој викенд во Мелбурн со Големата награда на Австралија.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур