Експремиерот Никола Груевски по денешното рочиште за случајот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, се пошегува со новинарите и рече дека го предвидел пресот на Катица Јанева.
„Не сум изненаден. По моите реакции во средата не знаев дали за 3 дена за 7 или за 10 дена ќе дојде ова што дојде и еве го дојде за 7, ако можам добро да пресметам, така што ништо не ме изненади“, рече Груевски.
„Не знам дали следната истрага ќе биде отворена за тоа дека некаде сум ручал и на среде ручек сум морал некаде да заминам, па сум оштетил буџетот што сме го платиле целото јадење, а јас сум станал“, се пошегува Груевски.
Тој рече дека за спроведувањето на пописот имало комисија која ја спроведувала целата постапка одговорно и професионално. Тој рече дека бил загрижен, а одлуките ги носеле органите. Ова е обид на СЈО да го дефокусираат вниманието на јавноста од она што се случува во земјата.
„Не можат СЈО да отворат толку истраги, колку што Заев може да направи глупости“, изјави Груевски.
За случајот „Актор“ рече дека истрагата е апсурдна. Како што посочи, за изборот имало комисија и 7 набљудувачи.