Шест видеа за зголемување на свеста за аерозагадувањето

Од:

Шест информативни видеа изработи Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ со цел да ја подигне јавната свест за загадувањето на воздухот како проблем на којшто треба да се работи преку цела година.

– Во последниве неколку години загадувањето на воздухот ширум градовите во Републикава се наметна како проблем кој е сложен и за чие решавање е потребно инволвирање на сите засегнати сектори и институции, меѓутоа и проблем во чие решавање треба активно да учествуваат сите граѓани.

Влијанието на секојдневните навики на секој од нас врз животната средина е огромно. Начинот на кој се движиме низ градот, начинот на кој ги загреваме домовите, начинот на кој создаваме отпад и се ослободуваме од истиот имаат значително влијание врз животната средина, велат од „Еко-свест“.

Видеата се изработени со подршка од фондацијата „Хајнрих Бол“.

Би можело да ве интересира

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите