Единствена Македонија: Иванов да не наседнува на евтините трикови на Заев и Џафери за двојазичниот закон

Од:

„Единствена Македонија го подржува претседателот Иванов во одлуката да спречи јазична федерализација како преодна етапа за територијална федерализација или до кантонизација според мапата на британскиот амбасадор Чарлс Гарет што му ја покажал на Иванов при нивната средба во претседателската резиденција на Водно.

Дотолку повеќе, Иванов на 26 декември лани во годишното обраќање во Собранието рече: „Законот за јазиците не претставува закана по македонскиот јазик, туку тој претставува закана по унитарноста на државата. Законот го крши Уставот на Република Македонија“.

Оттука, ако Иванов вели дека двојазичниот закон е закана за уставниот поредок, тогаш како претседател е должен да постапи според уставната одредба, со која, пред преземањето на должноста претседател се заколна и обврза на почитување на Уставот.

Единствена Македонија очекува од Иванов храброст да го брани уставниот поредок и да одолее на претстојните домашни и странски притисоци. Дури, во случај на странски притисок, налик при доделувањето на мандатот на Заев, ете му прекрасна шанса на Иванов да го избрка странскиот емисар од претседателскиот кабинет и со тоа да покаже дека е претседател на Република Македонија, а не на странците.

Единствена Македонија му обрнува особено внимание на Иванов да не наседнува на ефтините трикови на Зоран Заев и Талата Џафери првин да го потпише указот, а потоа Уставниот суд да се изјаснува, оти, прво, штом еднаш законот заживее, Уставниот суд дополнителни и да утврди негова неуставност, нема институционална моќ што може да им одземе веќе стекнато право на Албанците кои 27 години не фермаат устав и ја тераат големоалбанската агенда со владеачката партија „Погреб за Македонија„ составена од ВМРО, СДСМ и ДУИ, и второ, простата вистина вели дека доколку се растура државата сите ќе не затрупа во неа и било каков Уставен суд дополнително нема да го спречи тоа!“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска