Кристијано Роналдо повторно застана под рефлекторите за најновата рекламна кампања за својот моден бренд фармерки ЦР7 Деним.
Но овојпат, познатиот португалски фудбалер сцената ја делеше со својот син, Кристијано Роналдо Помладиот.
Новата колекција содржи и „Мини Ми” комплет инспириран од синот на Роналдо.
– Оваа сезона, Ви ги претставуваме нашите нови удобни, модерни и интересни фармерки. Овие фармерки, како и колекциите маици, со својата растегливост и подвижност, совршено ќе одговараат на вашиот стил, изглед и чувството на комфор, изјави креативниот директор на ЦР7 Деним, Зак Вентер.