Двојно зголемени во однос на просекот за март се нивоата на Вардар кај Зајчев Рид, Треска кај македонски Брод, Пчиња кај катлановска Бања и Сатеска кај Ботун, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Покачувања бележат и другите реки, освен Црна чиј водостој е понизок од просекот, а зголемени се и нивоата на Охридското и Преспанското езеро.