А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Приватни Гинеколози на РМ: Матичниот гинеколог е вашиот добар доктор

by А1он19/03/2018 - 14:41854
Share0

„Прилично е лесно да се дефинира во неколку збора она што го прави добар адвокат, добар архитект или добар писател, велејќи дека тоа е оној кој ги добива тешките судски спорови, кој ги гради најдобрите конструкции или кој пишува многу читани романи – не се неопходни додатни описи. Спротивно на тоа, да се дефинира што прави добар доктор е прилично тешка задача.

Добивај вести на вибер

Добриот лекар не е оној кој лекува најмногу затоа што во многу специјалности целосното излекување не е чест исход. Не е оној кој ја поставува најдобрата дијагноза, бидејќи во многу случаи на самолимитирачките или неизлечливи болести, прецизната и навремена дијагноза не прави голема разлика за пациентот. Тоа не е оној кој знае повеќе научни факти, бидејќи во медицинската наука научните детали сеуште немаат пресудно значење кај некои болести. Не е оној кој е нежен, сочувствителен и искрен со пациентот, бидејќи овие квалитети честопати се недоволни за ефективен медицински тек на дејствување. Тоа не е оној кој открива нов факт или третман, бидејќи во денешно време нови информации се само мал дел од знаењето што треба да се вметне во огромната загатка на биомедицинските истражувања.
Другите професионалци може да се проценат според нивните крајни резултати, но лекар може да се дефинира како добар само кога тој или таа има колку што е можно повеќе од горенаведените атрибути. Еден добар лекар е истовремено научен, искрен, љубезен, смирен, ентузијастички, оптимист и ефикасен. Тој или таа инспирира целосна доверба кај пациентите и секојдневно ја обновува магичната врска која сама по себе претставува добар третман за секаков вид на болест и најдобра почетна точка за соочување со сите причини за болка и страдање. “ (BMJ. 2002 Sep 28; 325(7366): 711. )

ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА секако не лечи и не е добриот доктор. ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА не се грижи за добриот доктор. Дури, со својот игнорантски, деградирачки, арогантен, популистички и банкарско-лихварски однос постојано и систематски се обидува да го стивне гласот на добриот доктор, делувајќи како еден од позначајните фактори на страдање на докторската заедница.

МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ се специјалисти, мајстори на занаетот, а се принудени да го чувствуваат тоа страдање со години и сега го дигаат својот глас. Матичните гинеколози веќе нема да дозволат ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА да биде пречката во реформирањето на здравството во нашата земја и подобрувањето на стандардите за лекување со препознавање на квалитет.

ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА мора да го чуе гласот на матичните гинеколози. Меѓу нас има многу добри доктори иако не сме сите исти. Но, правиме напор да го зголемиме квалитетот, да ги воспоставиме европските стандарди на гинеколошко-акушерски преглед, кој има свое траење, своја тежина, не е секогаш ист и има своја цена. ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА со години ги залажува пациентите дека се е бесплатно, без да го дефинира пакетот на бесплатните услуги во примарното здравство.

А да го оставиме ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА да ги лечи пациентките и да ја намали перинаталната смртност со своите популистички политики кои немаат никаква врска со унапредување на квалитетот на здравствените услуги ? Ние, МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ ќе пишуваме упати за во болница“, се вели во соопштението на Управниот одбор на Здружението на Приватни Гинеколози на Република Македонија.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски15/11/2025 - 12:2015/11/2025 - 12:27

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Катерина Ѓуровски11/11/2025 - 10:31

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен