ДУИ изразува загриженост за случајот со малиот Алмир

Од:

Претседателството на Демократската Унија за Интеграција на денешниот состанок во Тетово разговараше и за судскиот процес за случајот со малиот Алмир.

Изразуваме длабока загриженост што во самото Обвинителство имаше разлики што се однесува на одлуката за преквалификација на делото од убиство во друго кривично дело и бараме итно адресирање на нашата загриженост.

Во пресрет на најавените реформи за реформирање на судскиот систем сметаме дека ова дејствување не придонесува во овој правец несакајќи да се мешаме и да преудицираме во начинот на читање на фактите.

Исто така, строго го осудуваме скандалозното и нечовечно однесување кое се виде вчера од обвинетиот.

ДУИ јавно апелира до судските органи во духот на нашите интереси за побрзо интегрирање во евроатланските структури на земјата, да го примениме секој збор од законот со цел на зајакнување на правниот поредок и владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ