ДУИ го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците

Од:

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција-ДУИ едногласно го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија.

Како што информира ДУИ, усвојувањето на Законот „го симболизира заклучувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор“.

Лидерот на ДУИ Ахмети на денешниот состанок во седиштето на партијата во Тетово се осврна на политичката активност на партијата и на главните достигнувања во изминатите 17 години, на победите во изборните процеси и на партиските конгреси.

– Пред нас останува силно да се адресираат и реформите на владеењето на правото и спорот за името како предуслов за членство во НАТО и ЕУ, наведува ДУИ во соопштението.

Состанокот на раководството на ДУИ почна со едноминутно молчење во чест на генералниот секретар на партијата Абдилаќим Адеми, кој почина минатиот месец.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ, партијата која искраде стотици милиони, глуми истражител

Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во ‘Мерцедес’, прасува ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?