Димитров: Ако сакаме да го задржиме моментумот, мора да имаме стимул – одлука за отпочнување на пристапните преговори

Од:

Денес, во Сараево, МНР Никола Димитров, на покана на МНР на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак, учествуваше на Состанокот на Министри за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и на Министерската конференција за Фондот за Западен Балкан.

Министрите заеднички ја поздравија Стратегијата за проширување на Европската комисија и се согласија дека претстојните месеци се пресудни за европската иднина на земјите од Западен Балкан. Главен фокус за време на министерската дискусија беше евалуацијата на реализираните чекори, кои беа заеднички договорени на последниот Самит во Трст, како и содржинската подготовка за претстојниот Самит за Западен Балкан што ќе се одржи во Лондон, во јули оваа година.

Димитров истакна дека сега е вистинскиот момент кога земјите од Западен Балкан треба да се најмногу сплотени и заеднички да ја градат својата европска перспектива со цел побрзо интегрирање во европското семејство. Исто така, Министерот нагласи дека регионот е на добар пат и тоа е очигледно од нагласената јасна политичка волја на земјите од регионот за европска интеграција. Регионот има јасна европска перспектива и припаѓа во секој поглед во Европската Унија – беше главниот заклучок на состанокот. МНР Димитров изјави: „Ако сакаме да го задржиме ова темпо, овој моментум и оваа детерминираност, мора да имаме стимул – политичка одлука за отпочнување на пристапните преговори во јуни”. Министерот додаде: „oдговорноста за отклучување на вратата за влез во ЕУ е заедничка, и само тогаш може да зборуваме за кредибилност на стратегијата за проширување.”

На Министерската конференција за Фондот за Западен Балкан беа разгледани сите можности и начини за ефективна употреба на придобивките од Фондот за Западен Балкан, при што беше истакнато дека најголема потреба од инвестиции има во инфраструктурата, област од особена важност за меѓусебната поврзаност на регионот.

Би можело да ве интересира

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија

МНР: За членовите на ДКСК ќе се одлучи дали да добијат дипломатски или службени пасоши