Традиционална крводарителска акција по повод денот на основањето на Црвен Крст на Република Македонија

Од:

По повод одбележувањето на 17 Март-Денoт на основањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството на Република Македонија, на 16 Март 2018 година во просториите на Црвен крст на Република Македонија-Општинската организација Карпош а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија се одржа 38-та по ред Традиционална крводарителска акција.
Во периодот од 10,00 до 14,00 часот својата хуманост преку дарување на крв и овој пат ја потврдија 21 граѓани и волонтери, членови и соработници на организацијата на Црвениот крст а на хуманите крводарители им се придружи и градоначалникот на Општина Карпош Г-дин Стефан Богоев.

Во присуство на претседателот и секретарот на Црвениот крст на РМ-Општинска организација „Карпош“, претставниците од Институтот за трансфузиона медицина на Македонија како и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Далибор Богдановски, кој што исто така се вброи меѓу денешните крводарители, градоначалникот Богоев им врачи пригодни признанија на Асани Ајриз, за 100-ти пат дарување на крв, на Драган Арсовски за 75-то дарување, како и на Денис Бошковски, Илија Михајловски и Мише Дулимагоски кои досега 50 пати ја дарувале скапоцената течност која спасила животи.
Освен пригодните плакети и благодарници овие „крводарителски ветерани“ добија и по една оригинална слика на тема ,,Цвекето на мирот,, изработени од нашиот познат уметник Живко Поповски – Цветин.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ