Единствена Македонија: Заев по стапките на Груевски – криминалот го гони по однапред изготвен список

Од:

„Единствена Македонија го осудува истиот пристап на Зоран Заев со оној на поранешниот премиер Никола Груевски, борбата со криминалот да се води според политичко сценарио и по однапред изготвен список.

Имено, Никола Груевски по изборната победа во 2006 година изготви список на дваесет и пет функционери од поразениот СДСМ кои еден по еден се гонеа редоследно по политичка проценка за одвлекување на вниманието на јавноста од афери и неповолни настани поврзани со власта на ВМРО-ДПМНЕ. Своевремено, од поистакнатите фигури на СДСМ од тој список куртули само поранешниот висок функционер на СДСМ, Никола Ќуркчиев чие судско гонење според списокот на ВМРО-ДПМНЕ требаше да се прикаже како враќање на слободата и демократијата во „Ќуркчиево„ како што вмровските креатори на списокот ја нарекуваа Гевгелија од каде доаѓаше Ќурчиев.

Зоран Заев сега тргнува по стапките на Груевски, на пример, во моментот на големиот револт на македонскиот народ од тоа што Бугарската православна црква стана мајка на МПЦ, во истиот ден беа приведени 37 лица за тероризам со цел одвлекување на внимание на јавноста, или, пак, вчерашното приведување на поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ со цел отргнување на вниманието од големиот народен револт од законот за двојазичноста, што значи дека криминални случаи се процесуираат и темпираат кога има настани што негативно влијаат на рејтингот на владата на СДСМ.

Значи, партијата „Погреб за Македонија„ составена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и борбата против криминалот ја базира на политички проценки и однапред изготвен список за одстрел, иако секој оној што се води од искрена борба за расчистување со криминалот не треба да се служи со маркетиншки трикови.

Новата легална власт на Единствена Македонија ќе ја сосече во корен праксата на гонење на криминал според политичко сценарио дефинирано во некој список дотолку повеќе, покрај национална ќе спроведеме и социјална револуција што подразбира ревизија и одземање на украдените десетици милијарди евра во приватизацискиот и постприватизацискиот период во изминатите 27 години“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска