(ВИДЕО) Шахпаска: Со усвоените измени на Законот за стечајци обезбедуваме егзистенција за уште 2.000 граѓани,

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за стечајци. Со овие измени овозможуваме материјално да бидат обезбедени дополнителни 2.000 лица, наши сограѓани, коишто ќе добиваат месечен материјален надоместок во износ од 7.596 денари.

Или вкупно, создаваме можност за материјално обезбедување на околу 5.000 наши граѓани, на коишто оваа помош им е неопходна“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

„Со законските измени се олеснуваат потребните услови за стекнување на правото на материјално обезбедување, доколку престанокот на работниот однос настанал во моментот кога претпријатието со доминантна сопственост на државата се приватизирало.

Ова право ќе биде остварено доколку единствениот матичен број на субјектот не е променет од моментот на засновањето на работниот однос во тоа претпријатие, до неговиот престанок.

Истовремено, поголема флексибилност е дадена со условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице (најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи).

Лицата кои што бараат материјален надоместок условот за возраста треба да го исполнуваат во моментот на поднесувањето на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување, а не од моментот на стапување на сила на постојниот закон, како што беше досега.

Со оваа мерка се решава проблемот со статусот на стечајните работници и се исправа долгогодишната неправда кон овие граѓани, кои не по своја вина останале без работа и долго време беа без никакви приходи.

И покрај сите обиди за блокади и деструкции од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и парламентарното мнозинство продолжува да ги спроведува реформите што носат повисок животен стандард, нови работни места, независни институции и правда за сите“, рече Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел