„Версаче”: Нема да убиваме животни заради модата

Од:

Модната куќа „Версаче“ ќе престане да користи животинско крзно во своите колекции. Со ова, таа им се придружува на Гучи, Џорџо Армани, Хуго Бос, кои веќе претходно се одлучија на ваков чекор.

Организацијата Хјуман сосаети, која се бори против употребата на животинско крзно во модната индустрија, го поздрави таквиот потег на италијанскиот моден гигант, наведувајќи дека се работи за „многу влијателен бренд”, и симбол за софистицираност и гламур.

– Крзно? Излегов од тоа, Не сакам да убивам животни заради мода, изјави модната креаторка Донатела Версаче.

Версаче ќе го исфрли крзното од своите колекции, почнувајќи од сезоната есен-зима 2019.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски