Повик за поднесување проекти за програмата ReLOaD

Од:

Општина Куманово ги повика граѓанските организации да поднесат предлог проекти во рамки на програмата ReLOaD. Организациите стои во повикот на општината треба да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општината, заштита на животната средина, заштита на човековите права, социјална кохезија и намалување на сиромаштијата, туризам и култура и младински иницијативи.

– Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јануари 2020 година и ќе има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки, стои во повикот на општината.

Со проектот ReLOaD е предвидено да бидат вклучени пет општини од Македонија, Струмица, Ресен, Кавадарци, Гостивар и Куманово.

– Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000 до 1.845.000 денари, се наведува во повикот.

Организациите можат да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000 денари за целото времетраење на проектот ReLOaD – до јануари 2020. Општина Куманово и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од шест до осум месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2018 до декември 2018.

Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Куманово на ден 19 март 2018 година, со почеток во 10:00 часот во сала на Совет.

Заинтересираните граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во упатствата за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик. Крајниот рок за поднесување апликации е 9 април 2018 година.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра