Заев се сретна со делегација на Европската служба за надворешни работи на ЕУ: Земјава и ЕУ заедно се борат против екстремизмот

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска прими висока делегација на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, предводена од Заменик генералниот директор за заедничка безбедносна и одбранбена политика, Педро Серано.

Премиерот Заев, придружуван од советникот за безбедносни прашања во кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, д-р Зоран Верушевски, и од Националниот координатор за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризам, Борче Петревски, на средбата ја истакна подготвеноста на Република Македонија да учествува во заедничките политики и акции на Европската Унија за справување со овие појави, како и поставеноста и капацитетите на институциите за одговор на овие прашања во нашата земја.

Во таа насока, премиерот Заев информираше дека Владата на Република Македонија ги усвои двата документа поврзани со овие прашања, „Националната стратегија на Република Македонија за спречување на насилен екстремизам“, и „Националната стратегија на Република Македонија за борба против тероризам“, со акциски планови за имплементација на двете стратегии.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, истакна дека и двете стратегии претставуваат клучни документи во борбата против насилниот екстремизам и во борбата против тероризмот, како појдовна основа за институционално дејствување, и дека се подготвени врз основа на препораките на Европската Унија, со оглед на комплементарноста и заедничкиот интерес на ЕУ и на Република Македонија, за соодветен одговор за овие закани по безбедноста на граѓаните.

Претставниците на Европска служба за надворешна работи на Европската Унија, на средбата оддадоа признание за активностите на Република Македонија во однос безбедносните прашања поврзани со борбата против тероризмот и радикалниот екстремизам, и посебно го итакнаа придонесот на македонските безбедносни служби во однос на мигрантската криза.

Високите функционери на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, изразија силна поддршка за идната соработка на ова поле и нагласија дека на Република Македонија и стојат на располагање сите искуства, мерки и поддршка од институциите на ЕУ, за имплементација на двете национални стратегии, особено во делот на размена на информации, како и на поддршката за обука и за подигање на капацитетите на македонските безбедносни служби.

Би можело да ве интересира

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ