Агатангел: Згрозени сме од насилството на Талат Џафери

Од:

„Ние, православниот народ од Повардарската епархија, згрозени сме од вчерашниот срам и безаконие, како и од отвореното насилство врз демократијата, што ни ја приреди г. Таљат Џафери и неговите истомисленици при донесувањето на разбојничкиот закон за двојазичност во Собранието на Р. Македонија.

Иако ваквиот башибозук можевме да го насетиме и очекуваме од г. Џафери, како директен учесник во приредувањето на теророт врз невиното неалбанско население во северозападна Македонија, сепак верувавме во разумноста и општествената одговорност на нашите преставници во Законодавниот дом на нашата татковина. Затоа, отворено сакаме да истакнеме дека пратениците кои го изгласаа овој недемократски закон кој директно ги поткопува основните темели на државноста, го руши унитарниот и уставниот поредок и го загрозува опстојувањето на Р. Македонија не можеме да ги сметаме за наши ополномоштени преставници и заштитници на нашите општествени и политички интереси. Овој закон во ниту еден случај не го унапредува квалитетот на животот во нашето општество и води кон поделби, недоверба и продлабочување на разликите меѓу народите кои живеат во Р. Македонија.

Нашите пратеници – предавници, без никаков трепет на лицето, вчера брутално газеа како врз македонскиот народ така и врз сите други народи што живеат во Македонија. Ги избраа личните наместо народните интереси. Послатко им беше по секоја цена да ја задржат власта отколку образот и достоинството на своите семејства и на своите претци. Се здружија со докажани насилници и терористи кои и ден денеска не престануваат да креваат рака на нашата држава. Оние кои го поддржаа овој неуставен закон ќе останат запаметени во нашето сеќавање како сејачи на чемер и јад во срцата на чистите и чесни жители на нашата татковина.

Непочитта кон нас, како нивни избирачи, вечно ќе ја паметиме и ќе ја укажуваме на идните генерации, како лош пример за предавство и лицемерие. Нема да ги мразиме ниту да ги осудуваме, туку ќе се надеваме на нивно брзо преумување и вразумување. Сакаме да истакнеме дека ни е јасна нивната духовна прелест и заблуда. Македонскиот народ како носител на државноста, како и сите добронамерни народности кои живеат во нашата Света Македонска земја, ги повикуваме да се изборат за правдата и вистината на нашето заедничко македонско опстојување. Целосно го поддржуваме претседателот на Р. Македонија г. Ѓорѓи Иванов во намерата да не го потпишува Указот за овој антидржавен и неуставен закон кој беше донесен на вандалски и нецивилизиран начин. Крајно време е одлучно и без страв да се застане на патот на тиранијата која речиси 30 години, од разни страни, се спроведува врз мирољубивиот македонски народ.

Воедно истакнуваме дека остануваме верни припадници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, која е наша вековна закрилничка и наша духовна мајка и достоинствено ги отфрламе сите националистички и шовинистички постапки и претензии врз суверенитетот и независноста на Р. Македонија, како и грубото неканонско и нехристијанско мешање на Српската православна црква во јурисдикцијата на нашата Света православна црква“, се вели во реакцијата на митрополит Повардарски Агатангел.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите