Дебарските пожарникари, кои интервенитраат во општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река,општина Маврово Ростуше, минатата година ќе ја запаметат како „рекордна“ по бројот на интервенции.
Во исто време и предизвиканата материјална штета е многу поголема споредено со претходните години.
– Во текот на минатата година имаме евидентирано 165 интервенции, а предзиканата материјална штета изнесува 8.658.750 денари.Гледано одделно 107 се пожари на отворен простор, 38 на објекти, три на сообраќајни средства, додека 17 се технички интервенци.Споредно со претходната година бројот на интервециите е над 70 отсто поголем или можам да кажам дека сме имале најмногу интервенци во последните неколку децении, – изјави за МИА, Џетан Мифтароски,Командир на Територијалната противпожарна единица во Дебар.
Што се однесува до матерјалната штета околу седум милиони е причинета при пожар во објекти, околу 1,3 милиони на отворен простор и над 400 илјади на сообраќајни средства.
Според Мифтароски, врз основа на месечната динамика на пожари,најголем број или 56 се регистрирани во месец август, сите на отворен простор поради сушниот перод и невнимането на граѓанте кои извршуваат земјоделски работи или биле на прошетка. Пожарите на објект главно се предзвикани од неисчистени оџаци.
– Кадровски и технички сме добро опремени и генерално гледано сметам дека успешно сме се соочиле со предзвиците,уште повеќе што како единица покриваме најголема територија, споредено со другите единици во државава. Интервенираме во најкус можен рок со што избегнати се многу поголеми штети, оценува Мифтароски.
Инаку, во измнатиот период од годинава дебарските пожарникари евидентирале дваесет интервенции или 40 отсто помалку споредено со истиот период лани.