Речиси двојно повисоки од просекот за март се нивоата на реките Вардар кај Велес и Зајчев Рид, Треска кај Македонски брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун, соопшти УХМР.
Покачувања, но не драстични, се измерени на Вардар кај Јегуновце, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Штип.
Хидролошките мерења покажуваат пониски водостои за неколку сантиметри од мартовскиот просек на Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани.
Состојбата со Преспанското, Охридското и Дојранското езеро е скоро непроменета.