ВМРО-ДПМНЕ: Власта изгласа неуставен, неприменлив и штетен закон

Од:

„СДСМ и владејачкото мнозинство го погазија правото и ја деградираа правната држава. Власта нелегално го прогласи законот за двојазичност за изгласан, оневозможувајќи ја со закон загарантираната амандманска расправа.

Власта не ги зеде во предвид укажувањата на претседателот на државата, стручната јавност, граѓаните и останатите политички чинители и изгласа неуставен, неприменлив и штетен закон.

Владејачкото мнозинство ја силуваше демократијата и не ги послуша апелите на граѓаните. За СДСМ побитен беше меѓукоалицискиот договор, отколку граѓаните и иднината на државата.

ВМРО-ДПМНЕ не го признава овој закон и ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери.

СДСМ се однесува игнорантски и се става над законите. Власта ги злоупотребува државните институции за одржување на коалицијата на стаклени нозе. Злоупотреба на институциите е и политичкиот прогон врз десетина патриоти кои се дел од монтиран судски случај.

СДСМ мисли дека со ставањето во притвор на македонски патриоти и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да ги замолчи граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ пред штетните политики кои ги спроведуваат и кои се на план да ги спроведат.

СДСМ и сите нивни извршители во политички креираните случаи треба да знаат дека власта која моментално ја уживаат нема да трае вечно. Секој еден кој се огрешил пред законот и ги злоупотребил институциите ќе сноси одговорност за своите нелегални дејствија.

ВМРО-ДПМНЕ останува на бедемот на државните интереси. Неправдата и катастрофалните политики на СДСМ ќе бидат поразени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања