Данев: Немаше никаков договор за координација, Џафери манипулира

Од:

Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев вели дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, го злоупотребил собраниското столче со втората пауза за координација.

-Немаше никаков договор за координација помеѓу партиите, ние нема да одиме на таа средба. Џафери со ова го злоупотреби собранискиот микрофон и неговата позиција во македонското Собрание, вели Данев.

Тој апелираше ваквките злоупотреби и манипулации од страна на Џафери веднаш да престанат.

Данев уште еднаш ги повтори двете барања на ВМРО-ДПМНЕ, едното за закажување на седница на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, а второто за разгледување на поднесените амандмани во врска со Законот за јазиците.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Власта со критики до опозицијата: Стравот од изборите стои зад блокадите на Изборниот законик

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните проекти го менуваат ликот на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе добијат практикантство во општините и поддршка за иновации

Горан Наумовски