Хелена Кристенсен во 1986-та година победи на изборот за Miss Universe во родната Данска, а веќе следната година на светскиот натпревар Look of the Year оваа 178 сантиметри висока бринета влезе во големото финале.
Потоа Хелена се пресели во Париз за да се посвети на манекенската кариера, а како една од супермоделите од 90-тите остави трага што не се брише во светот на модата.
Освен што беше заштитно лице на Victoria’s Secreta, згодната Скандинавка ги красеше насловните на неколку култни списанија како Vogue, Elle i Harper’s Bazaar, а во 1991-та година се појави во спотот за песната „Wicked Game“ на Крис Ајзак, кој подоцна е прогласен за најсекси спот на сите времиња.
Кристенсен, која оваа година ќе го прослави својот 50-ти роденден и понатаму изгледа беспрекорно.
Доказ за тоа се најновите фотографии од нејзниот одмор во Австралија.
Таа покажа совршена линија на која што би можеле да и позавидат и двојно помлади девојки.