Неделковски и Велиновска ширеле дискриминација, нетрпеливост и омраза кон Албанците во Македонија

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги утврди дека ТВ Алфа го прекршила членот 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој забранува поттикнување или ширење дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на раса, пол, религија или националност во емисијата „Миленко Неделковски шоу“. Од Јавното обвинителство и од Комисијата за заштита од дискриминација побара да поведат постапка, бидејќи во Законот не е предвидена мерка за прекршување на овој член.

Според образложението, во емисијата на Миленко Неделковски емитувана на ТВ Алфа, каде што гостувала новинарката Мирка Велиновска, во јануари 2018 година, ширеле дискриминација, нетрпеливост и омраза кон Албанците во Македонија.

Во извештајот на Агенцијата за медиуми, кој е објавен на нивната веб-страница, се цитирани конкретни примери од емисијата, односно делови каде што Неделковски и Велиновска ги нарекуваат Албанците со погрдни зборови: „Арнаути“, „чергари“, „диво племе“, „шиптари“, „скитачи“…

Според извештајот, со одлуката да се емитува оваа однапред снимена емисија, ТВ Алфа овозможила да се шири дискриминација и говор на омраза врз основа на етничка припадност. Иако емисијата „Миленко Неделковски шоу“ е надворешен проект и ставовите изнесени во неа не се ставови на телевизијата, тоа не ја намалува уредничката одговорност за изборот да ја емитува во рамките на својата програмска шема, напишале од Агенцијата во Извештајот.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски