(ВИДЕО) Заев: Кога ти е тешко повикај пријател, ние ја повикавме Америка

Од:

Кога ти е тешко во животот треба да повикаш пријател за да ти помогне, ние за помош при решавање на спорот за името со Грција, ги повикавме Соединетите Американски Држави. Добро би било кога со Грција сами би го решиле спорот за името, во билатерален однос, но доколку не успееме во тоа, тука се САД да ни помогнат, изјави премиерот на Република Македонија, Зоран Заев по средбата со помошникот државниот секреатар на САД, Вес Мичел.

Премиерот Заев истакна дека Македонија направи голем чекор напред во евроатлантските интеграции и истакна дека најважно од се е да продолжи спроведувањето на реформите во државата. Доколку реформите бидат успешно спроведени, премиерот Заев очекува во април, Европската Комисија да даде препорака за преговори, а веќе во јуни отпочнување на преговорите за влез во ЕУ.

– Процесот решавање на спорот за името мора да биде под покровителство на ОН и најважно од се е да се зачува достоинството и идентитетот на двете држави, рече премиерот Заев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот