ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалничката на Битола лаже за стекнување на алиби и евтин публицитет

Од:

Борче Димитровски, советник во Советот на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска ги излажале граѓаните.

– Градоначалничката Наташа Петровска на прес конференција на 10 ноември кажа дека долгот на општината е 13.5 милиони евра. Сега истата таа Петровска достави завршна сметка потпишана од неа, во која стои дека побарувањата на Општина Битола изнесуваат 5.5 милиони евра, а обврските, односно долговите 3.5 милиони евра. Изнесените невистини се уште подрастични бидејќи како долгови се вкалкулирани над 1 милион евра обврски по судски постапки кои се во тек, а не се завршени со правосилна пресуда, ова отвора секако дополнителни прашања по однос на вистинитоста на овој податок, рече Димитровски.

Според него ова е грубо поигрување и манипулација со граѓаните.

– Ако досега говоревме за алиби политика, ароганција и лицемерие, после доставувањето на завршната сметка на Општина Битола очигледно е дека станува збор за луѓе кои се служат со груби лаги и невистини. Очигледно скандалозното работење е вистинското лице на новата локална самоуправа во Битола, после овие груби лаги и недоследности, само со цел за стекнување на алиби и евтин публицитет, не знам како воопшто да и се верува на оваа локална самоуправа која треба да го види градот следните 3 и пол години, рече Димитровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси