СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ наместо на здравство трошеше милиони на споменици

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто потроши над половина милијарда евра на криминалниот проект Скопје 2014 и најмалку може да зборува за одговорно трошење на парите на граѓаните.

Освен хаос и нефункционален здравствен систем кој повеќе разболуваше, ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо друго во овој исклучително важен сегмент, директно поврзан со здравјето на граѓаните.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за потребите на граѓаните, за 11 години власт ќе изградеше современ и ефикасен Клинички центар и ќе ги реконструираше сите здравствени домови. Но наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше за задоволување на криминални интереси, оставајќи зад себе урнисано здравство и осирмашени граѓани.

Владата предводена од СДСМ останува силно посветена во градењето на квалитетен, модерен и ефикасен здравствен систем. Проектот за новиот клинички центар е дел од тоа. Македонија по 80 години добива нов, современ Клинички центар што трајно ја решава потребата од интегрирани здравствени услуги за сите граѓани на Република Македонија“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски