Заев: Историјата се повторува само за оние коишто стануваат слепи кон минатото

Од:

Историјата се повторува само за оние коишто стануваат слепи кон минатото, рече премиерот Зоран Заев на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи пред споменикот во кругот на Тутунскиот комбинат (некогашниот Монопол) од каде што биле пратени во логорот Треблинка во март 1943.

– Пред 75 години овој простор беше искористен за едно големо злосторство врз нашите сограѓани. Денес се сеќаваме и одбележуваме 75 години од деновите кога 7 144 Евери од Скопје, Битола и Штип и од цела Македонија беа собрани тука, во просториите на тогашниот Монопол и пратени на еден пат од кој никогаш не се вратиле. Нивниот најголем престап беше нивното постоење, нивната култура, традиција, нивната заедница. За тоа беа казнети со најдраконската казна и предвреме отргнати од своите најблиски, од својата земја од своите животи, истакна претседателот на Владата, кој рече дека се обраќа првенствено како граѓанин на Република Македонија.

Геноцидот над Евреите во Втората светска војна, рече Заев, беше борба на деструктивни и антицивилизацски сили против сета добрина и љубов, против пријателството и човештвото, против луѓето, слободата и нашето заедништво. „Таму кај што горат книги, ќе горат и луѓе еден ден“, рече Заев цитирајќи го Хајнрих Хајне од драмата „Алмансор“ која била меѓу книгите што нацистите ги изгореле во Берлин.

– Нашите сограѓани, Евреите, беа книги на нашето заедничко постоење, испишани со години и векови историја и традиција, борба и пркос за подобро утре за сите кои живееја и живеат на овие простори. Оние коишто успеаја да го избегнат крволочното лудило, оставија неверојатна трага во нашата заедничка историја, истакна премиерот.

Им се заблагодари на Еврејската заедница во Репубчика Македонија и Фондот на холокаустот кои, рече, овозможуваат да се сеќаваме на историјата и културата на нашите сограѓани, а нивни предци.

– Вашата заложба ја прави Макеоднија побогата и граѓаните на Македонија ви се благодарни за тоа. Нашата сплотеност во осудувањето и сеќавањето на депортацијата на нашите сограѓани во логорот на смртта Треблинка е повеќе од само симболично. Денес ги повторуваме лекциите од минатото за уште посилно да си го осветлиме патоказот за иднината кој заеднички го избравме. Омразата не е наш избор, истакна Заев, додавајќи дека наши вредности се прифаќањето на различностите и почит кон другиот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот