Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за потребите на документарниот филм „Путин“ на Андреј Кондрашов, открива дека повремено, германската канцеларка Ангела Меркел му испраќа од неговото омилено германско пиво.
Додека бил агент на КГБ во Дрезден, во 1980-те, често престојувал во локалната пивница.
– Ангела од време навреме ми испраќа по неколку шишиња од пивото Радебергер, вели Путин во интервјуто објавено на руските социјални мрежи денеска, неколку дена пред одржувањето на претседателските избори во Русија.
Во двочасовниот филм се појавуваат и други руски официјални лица, како и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер кој важи за доста близок пријател на Путин.