Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници, Тамара Чаусидис повика на протести во понеделник, точно на пладне пред Владата.
„Почитувани колеги и загрижени граѓани,
Утре (понеделник 12. март) во 11 часот се собираме пред ЗНМ, од каде по кусата координација ќе се упатиме пред Владата на Република Македонија од која со протест во 12 часот ќе побараме на дело да покаже дека се залага за функионирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите. Повод за протестот се заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во владата, ДУИ, Бекир Асани.
Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани имаат цел да ги заплашат сите новинари. Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото. СИТЕ КОПИЛИЊА НА ПЛАДНЕ ПРЕД ВЛАДА!“